Аеродромот во Минхен беше привремено затворен вечерва поради забележани дронови во воздушниот простор, соопштија аеродромските власти преку N1.
Ова не е прв ваков случај – пред две недели аеродромот исто така беше затворен во вечерните часови поради активност на дронови.
Патниците кои веќе се качиле во авионите беа информирани дека ќе добијат нови инструкции и информации за понатамошното движење на летовите.
Аеродромските власти соопштија дека безбедноста на патниците и персоналот е приоритет, а проверките продолжуваат за да се обезбеди нормално функционирање на аеродромот.