Украинската разузнавачка служба (ГУР) откри дека од ноември 2024 до јули 2025 година, повеќе од 25.000 руски војници и офицери од Централниот воен округ ја напуштиле армијата, бегајќи од неподносливи услови, малтретирање и безмислени „месни јуриши“.
ГУР наведува дека бегствата се случуваат на различни начини – од бојното поле, од болници, па дури и за време на одмор. Во некои случаи, дезертерите носат со себе оружје и воена опрема – над 30 вакви инциденти се документирани во последните месеци.
Она што е најшокантно, според ГУР, е дека во интерните руски извештаи често стои формулацијата „неизвршување наредба“, што всушност е евфемизам за егзекуција на војници кои одбиле да се борат. Повеќе од 30 вакви случаи се веќе потврдени – што, според Украина, укажува на системска пракса на стрелaње по сопствени редови.
Украинското Министерство за одбрана оценува дека ова е јасен доказ за моралниот и организациски колапс на руската армија, особено во единиците кои со месеци се исцрпени на фронтот.
Еден висок извор од ГУР за крај додаде: „Русија веќе не губи само војници на фронтот – туку и контрола врз сопствената армија.“