ПРВ.мк
Наука/Технологија

Опасна хемикалија пронајдена во цуцли за бебиња

Опасна хемикалија пронајдена во цуцли за бебиња

Лабораториските испитувања на чешката организација за заштита на потрошувачи „dTest“ открија присуство на хемикалијата бисфенол А (БПА) во цуцли за бебиња, иако производите биле означени како „без БПА“. БПА е поврзана со нарушување на половите хормони, дебелина и зголемен ризик од рак.

Најпогодени се цуцлите на трите големи европски брендови „Philips“, „Curaprox“ и „Sophie la Girafe“, како и на „Foshan City Saidah“. Највисока концентрација на хемикалијата била откриена во цуцлата на „Curaprox“ „Grow with love“, која ја надминува дозволената граница според стандардите на ЕУ.

Компаниите „Philips“ и „Sophie la Girafe“ навеле дека присуството на БПА во нивните производи не е значајно и дека спровеле дополнителни тестирања за да го потврдат тоа. „Curaprox“ ги повлекла погодените серии од пазарот и понудила враќање на парите.

Иако ЕУ забранува присуство на БПА во шишенцата за бебиња, ограничувањата за цуцлите се помалку строги, што предизвикува загриженост кај експертите за безбедност и здравје на децата.

Escape