ПРВ.мк
Македонија

Градоначалник фатен на дело: Обид за поткуп среде изборен молк

Градоначалник фатен на дело: Обид за поткуп среде изборен молк

Вечерва, во 21:20 часот, во полиција е пријавен случај на поткуп на гласачи во село Дорфулија, за време на изборниот молк. Според пријавата, поткупот наводно го вршел градоначалник на една општина, заедно со две лица кои пристигнале со патничко возило со светиниколски регистарски таблици.

Пријавителот, со иницијали А.В., изјавил дека полицијата веднаш реагирала и ги затекнала лицата на лице место во моментот на поткуп. „Не знам што понатаму е преземено, но очекувам Јавното обвинителство и МВР да излезат на лице место и да ја информираат јавноста што е направено во конкретниот случај. Ова мора да биде казнето,“ додал тој.

Од Министерството за внатрешни работи засега нема официјална потврда за настанот. Се очекува институциите да излезат со повеќе информации по завршување на увидот и утврдување на фактите.

Escape