Во јавноста излезе шокантна снимка од двојното пукање што се случи во петокот во центарот на Пеќ, во близина на Основниот суд. На видеото, објавено од „Коха“, се гледа како осомничениот вооружен со две автоматски пушки тип АК-47 отвора оган кон возило во движење.
Полицијата веднаш реагирала и го уапсила напаѓачот, при што на местото биле пронајдени две пушки, два револвера, 129 патрони и 16 чаури. Во пукањето се повредени две лица – едното е пренесено во Универзитетскиот клинички центар на Косово, а другото се наоѓа во стабилна состојба во болницата во Пеќ.
Според првичните информации, нападот најверојатно е мотивиран од крвна одмазда. Осомничениот, наводно, е член на семејство чиј роднина бил убиен пред три години, а сторителите на тоа убиство добиле затворски казни во траење од вкупно 44 години.
Инцидентот повторно го отвори прашањето за безбедноста и порастот на вооружени инциденти во Косово, особено во контекст на нерешените семејни и крвни конфликти.
Видео: