Времето утре ќе биде променливо облачно со сончеви периоди. Наутро се очекува дожд, но попладне облачноста ќе се намали, а ќе се огрее сонцето. Ќе дува слаб до умерен ветер од северен правец.
Утринската температура ќе се движи меѓу 3 и 10 степени, а дневната ќе достигне до 19 степени. Во Скопје ќе биде слично – променливо облачно со сончеви периоди, умерен северен ветер и дневна температура до 18 степени.