Полициски службеници од СВР Куманово денеска спречија обид за самоубиство на 34-годишен маж од кумановско, кој се обидел да скокне од мостот „Искрин мост“ во Куманово.
Според информациите од Министерството за внатрешни работи, инцидентот се случил утрово околу 10:40 часот, по пријава за лице во животозагрозувачка состојба. Во интервенцијата учествувале и припадници на Територијалната противпожарна единица Куманово.
„По преземени мерки, лицето е убедено да се откаже од намерата, по што е пренесено во Општа болница Куманово за укажување лекарска помош“, информираат од МВР.