Најновиот кинески супербрз воз CR450 влезе во фаза на тестирање и веќе руши рекорди – на едно од пробните возења достигна 453 километри на час, што го прави најбрзиот патнички воз на светот.
Според официјалните информации, возот е дизајниран за максимална тест-брзина од 450 километри на час, а ќе сообраќа комерцијално со 400 километри на час. Тестовите се изведуваат на брзата железничка линија што ги поврзува градовите Шангај и Ченгду.
Во еден од тестовите, два воза CR450 се разминале со комбинирана брзина од 896 километри на час, што е нов светски рекорд.
CR450 има поаеродинамичен дизајн од претходниот модел CR400, со подолг нос, понизок покрив за 20 сантиметри и полесна конструкција за 50 тони. Овие подобрувања резултираат со намален отпор на воздухот за 22 проценти, што придонесува за значително повисоки перформанси.
Погледнете го видеото од пробното возење и уверете се во потенцијалот на ова технолошко достигнување.