ПРВ.мк
Македонија

ТЕШКА ТРАГЕДИЈА - Загина 69-годишен маж - еве ги деталите!

ТЕШКА ТРАГЕДИЈА - Загина 69-годишен маж - еве ги деталите!

Во тешка сообраќајна несреќа што се случила во понеделникот на регионалниот пат Гостивар – Србиново, животот го загубил 69-годишниот Т.Ф. од селото Беловиште, информира Министерството за внатрешни работи.

Несреќата се случила на влезот кон селото Лакавица, кога патничко возило од марката „Даеву Ланчиа“ со гостиварски регистарски ознаки, управувано од починатиот, излетало од коловозот.

Од здобиените повреди, возачот починал на лице место. Смртта ја констатирал лекар од Итната медицинска помош.

Увид на местото извршила екипа на ОВР Гостивар во координација со јавен обвинител, кој издал наредба телото на починатиот да биде предадено на обдукција.

Полицијата работи на целосно расчистување на околностите под кои се случила несреќата.

Escape