ПРВ.мк
Македонија

Откирена тајна мрежа за криумчарење мигранти - еве ги деталите!

Откирена тајна мрежа за криумчарење мигранти - еве ги деталите!

Во координирана полициска акција, Регионалниот центар за гранични работи Југ поднесе кривична пријава против 33-годишниот С.Р. од Радовиш, за кого постои сомнение дека бил дел од организирана мрежа за криумчарење мигранти.

Истрагата открива дека на 7 октомври 2025 година, на локалниот пат Богданци – село Стојаково, пријавениот управувал патничко возило „БМВ“, со кое ја извршувал функцијата „претходница“ – движејќи се пред возилото кое го пренесувало човечкиот товар и јавувајќи преку телефон за поставеноста на полициските патроли.

Главната цел на С.Р. била да им даде информација на две други лица, едното од Радовиш, другото од Богданци, кои управувале возило „Ауди“ и во кое се наоѓале 12 мигранти од Ирак и Сирија.

Според досегашните сознанија, ваквиот начин на организација и комуникација е дел од поширока шема за криумчарење мигранти, при што криминалната група се обидува да избегне полициски контроли и да ги внесе мигрантите во внатрешноста на државата или да ги пренесе понатаму кон западноевропските земји.

Истрагата е во тек, а против осомничените се преземаат дополнителни мерки за расчистување на мрежата и идентификување на сите вклучени во оваа незаконска активност.

Escape