Претседателот на Соединетите Американски Држави, Доналд Трамп, објави дека лично им порачил на Израел и на неколку блискоисточни земји да се воздржат од воена интервенција во Појасот Газа, нагласувајќи дека „времето за тоа сè уште не е дојдено“.
Во својата порака објавена на социјалната мрежа Truth Social, Трамп откри дека бројни сојузници на САД на Блискиот Исток ја изразиле својата подготвеност да влезат во Газа со силни воени трупи, со цел да го соборат Хамас, доколку оваа организација продолжи да го крши постоечкиот договор.
„Неколку земји експлицитно и силно изразија желба да влезат во Газа и да се справат со Хамас. Јас им реков – сè уште не. Сè уште постои надеж дека Хамас ќе направи што е исправно“, напиша Трамп.
Тој исто така испрати остро предупредување до Хамас, нагласувајќи дека доколку групата не го почитува договорот и продолжи со насилството, „крајот на Хамас ќе биде брз и брутален“.
Изјавата доаѓа во чувствителен момент за регионот, во време кога тензиите меѓу Израел и палестинските фракции повторно растат, а меѓународната заедница се обидува да го задржи кревкиот мир во Газа.
Не дознавај последен - читај ПРВ.мк