Македонија доживува вистинска инфраструктурна трансформација. Во изминатата година, ВМРО-ДПМНЕ ги реализираше клучните капитални проекти кои значително го подобрија патниот сообраќај и ја унапредија поврзаноста низ целата држава.
Од партијата истакнуваат дека над 70 километри експресни патишта и автопат се завршени и пуштени во употреба, што го забрза и направи патувањето побезбедно и поудобно за граѓаните.
Меѓу завршените делници се и:
- 25,7 километри од експресниот пат Градско-Фариш
- 25,5 километарската делница Страцин-Крива Паланка, дел од експресниот пат Куманово-Крива Паланка
- 20 километри делница Врбјани-Ботун, дел од автопатот Кичево-Охрид
Дополнително, наскоро ќе биде пуштена во употреба уште една делница од автопатот Кичево-Охрид, а целосната автопатска мрежа се очекува да биде завршена до крајот на 2026 година.
Паралелно со тоа, интензивно се гради и на автопатиштата Тетово-Гостивар и Прилеп-Битола, чија изградба е планирана да заврши во 2027 година.
Со овој брз ритам на градежни работи, Македонија ќе добие современа и целосно функционална мрежа на експресни патишта и автопатишта, што ќе ја подобри економијата и квалитетот на живот на граѓаните.
„Македонија се трансформира и развива, а граѓаните веќе ги чувствуваат позитивните промени на терен“, се наведува во соопштението од ВМРО-ДПМНЕ.