Вкупно 24 пожари на отворен простор биле регистрирани денеска, 3 септември, до 18:30 часот. Од нив, пет се активни, пет се ставени под контрола, додека 14 се целосно изгаснати.
Активни пожари има на планината Бистра кај месноста Кириловец, каде гори пасиште и ниска вегетација, кај гостиварското село Горна Бањица, кај струшкото село Јабланица и на потегот меѓу прилепските села Дрен и Царевиќ.
Активен е и пожарот кај селото Грачани во Општина Ѓорче Петров, при што според последните информации огнот во моментов е активен на територијата на Косово.
Под контрола се пет пожари – кај Копаница во Општина Сарај, кај Брест на Скопска Црна Гора, меѓу струшките села Буринец и Локов, како и два пожари во Општина Градско, кај селата Ногаевци и Кочилари.
Во текот на денот биле изгаснати уште 14 пожари на различни локации низ земјава.
Меѓу нив се пожарите над Палиград во Општина Зелениково, во Градскиот парк во Скопје, во Бутел, Визбегово, Прилеп, на депонијата Буково кај Охрид, како и неколку пожари на територијата на Струга.
Изгаснати се и пожарите во Велес, Липково, Ранковце, Брвеница, Желино и кај месноста Голем Брдаш во Општина Маврово и Ростуше.
Според последниот пресек, од вкупно 24 регистрирани пожари, 14 се изгаснати, пет се под контрола, а пет остануваат активни.







