Министерот за здравство Сашо Клековски денеска остварил средба со претставници на УНИЦЕФ, на која биле отворени повеќе важни прашања поврзани со здравствената заштита и благосостојбата на децата.
Како една од темите на средбата било издвоено здравственото осигурување на децата до 18-годишна возраст, кое е предвидено како дел од Програмата за работа на Владата.
На состанокот било разговарано и за подобрување на патронажниот систем, кој има важна улога во следењето на здравјето и развојот на децата и поддршката на семејствата.

Посебно внимание било посветено и на раната детекција на децата со посебни потреби, со цел навремено препознавање на состојбите и обезбедување соодветна поддршка.
Клековски по средбата упати благодарност до тимот на УНИЦЕФ за, како што наведе, нивната посветеност и континуирана поддршка во прашањата поврзани со децата.











