ПРВ.мк
Македонија

ПОДГОТВЕТЕ СЕ ДЕНЕС ЗА ГОЛЕМА ПРОМЕНА: Метеоролозите најавуваат дожд и грмежи - еве кои делови ќе бидат најпогодени!

ПОДГОТВЕТЕ СЕ ДЕНЕС ЗА ГОЛЕМА ПРОМЕНА: Метеоролозите најавуваат дожд и грмежи - еве кои делови ќе бидат најпогодени!

По неколкуте денови со екстремно високи температури, Македонија ја очекува промена на временските услови. Според прогнозата на Управата за хидрометеоролошки работи (УХМР), денот ќе започне со променливо облачно време и сончеви периоди, додека во попладневните часови во повеќе региони ќе има услови за пороен дожд и грмежи.

Во западните делови од земјата ќе дува умерен, а повремено и засилен ветер од западен правец, додека во источните предели ќе преовладува умерен до локално силен северозападен ветер.

Утринските температури ќе се движат од 11 степени во Берово до 15 степени во Гевгелија, додека максималните дневни температури ќе бидат од 27 степени во Маврово до дури 37 степени во Гевгелија.

Во Скопје времето ќе биде претежно сончево со мала до умерена облачност, а во попладневните часови во одделни делови од котлината се можни краткотрајни врнежи од дожд. Ќе дува умерен северен ветер, а температурата ќе се движи од 13 до 32 степени.

Од понеделник повторно ќе преовладува сончево време со мала до умерена локална облачност. Ќе дува умерен, а во источните делови повремено и засилен северен ветер.

Минималните температури ќе се движат меѓу 10 и 20 степени, додека дневните ќе бидат од 28 до 35 степени.

Слични временски услови се очекуваат и во вторник. Ќе биде сончево со мала локална облачност и умерен, наместа засилен северен ветер. Утринските температури ќе се движат од 11 до 20 степени, а максималните ќе достигнат од 30 до 37 степени.