ПРВ.мк
Македонија

ВОНРЕДНА ПОЛИЦИСКА АКЦИЈА: Марихуана и прашкасти материи на секој чекор - МВР со детали

ВОНРЕДНА ПОЛИЦИСКА АКЦИЈА: Марихуана и прашкасти материи на секој чекор - МВР со детали

Седум лица се лишени од слобода во текот на изминатото деноноќие во акција на полицијата спроведена на повеќе локации низ државата, откако кај нив биле пронајдени дрога и други забранети супстанции.

Во првиот случај, кај „Мороишки мост“ во близина на Струга, полицијата го приведе Ј.О. (39) од Струга, кај кого при контрола била пронајдена и одземена марихуана.

Во тетовското село Боговиње, полициски службеници од Камењане го лишија од слобода Н.Е. (19) од Тетово, откако при преглед на возило „фолксваген голф“ било пронајдено пакување со бела прашкаста материја. Лицето е задржано во полициска станица.

На подрачјето на Скопје, во координирана акција на СВР Скопје, лишени од слобода се повеќе лица на различни локации – А.Д. (48), И.А. (22), Д.П. (18), сите од Скопје, како и Г.Б. (37) од село Волково и М.А.У. (24) државјанин на Турција. Кај нив, според полицијата, биле пронајдени марихуана, бела прашкаста материја и грутчеста супстанција.

Од Министерството за внатрешни работи информираат дека по целосно документирање на случаите ќе следуваат соодветни кривични пријави.