Полициски службеници вчера во село Скачковце, Кумановско, ги лишиле од слобода Ј.С.(45) и М.М.(29), двајцата од Свети Николе.
При контрола на патничко возило „пежо“ со светиниколски регистарски ознаки, управувано од Ј.С., кај М.М. биле пронајдени и одземени 14 кутии или вкупно 392 таблети бупренорфин – опиоиден лек за болка.
Утврдено е дека М.М. во моментот на настанот издржувал казна во Казнено-поправната установа Затвор Штип и бил пуштен на седумчасовно отсуство. По целосно документирање на случајот, ќе биде поднесена соодветна пријава.