ПРВ.мк
Македонија

Утре сонцето ќе пече, но викендот носи невреме кое ќе го шокира градот

Утре сонцето ќе пече, но викендот носи невреме кое ќе го шокира градот

Утрешниот ден ќе донесе претежно сончево и топло време со слаб до умерен јужен ветер. Минималната температура ќе се движи од 6 до 14 степени, додека максималната ќе достигне од 27 до 36 степени.

Во Скопје се очекува сончево време со мала до умерена облачност и слаб јужен ветер. Минималната температура ќе се спушти до 12, а максималната ќе достигне 36 степени, што ќе донесе вистински летен ден.

Во наредните денови времето ќе остане претежно сончево и топло, со постепен пораст на дневните температури. Меѓутоа, во сабота попладне, во текот на ноќта и во недела претпладне се очекува нестабилност со локален пороен дожд и грмежи. Во сабота ќе дува умерен, на места засилен југозападен ветер, додека во недела северен ветер ќе предизвика опаѓање на дневните температури.

По викендот следува период на стабилно и потопло време, што ќе донесе поволни услови за надворешни активности и сончеви денови низ целата земја.

Escape

Најнови вести

Escape
Mia Home Mavrovo
Escape