Градот Скопје информира дека во четврток, на 11 јуни 2026 година, во раните утрински часови ќе се спроведе авионска дезинсекција против ларви од комарци на целото подрачје на градот.
Од градските власти посочуваат дека активноста е дел од редовните мерки за намалување на популацијата на комарци и заштита на јавното здравје во пресрет на летната сезона.
Доколку временските услови не дозволат реализација на дезинсекцијата во предвидениот термин, прскањето ќе биде одложено и ќе се изврши првиот нареден ден кога ќе има поволни временски услови.
Градот Скопје упати и апел до пчеларите навремено да ги преземат сите неопходни мерки за заштита на пчелните семејства за време на спроведувањето на активностите.
Надлежните нагласуваат дека ваквите третмани се спроведуваат согласно утврдени програми и имаат за цел да го намалат ризикот од зголемена појава на комарци во текот на летните месеци.










