Двокатен автобус на ЈСП се запалил денеска кај видиковецот на Средно Водно, а чадот од пожарот е видлив од повеќе делови на Скопје.
Информацијата ја потврди директорот на Дирекцијата за заштита и спасување, Стојанче Ангелов, кој соопшти дека скопските пожарникари веќе се на терен и работат на гаснење на огнот.
„Според податоците кои ги имам во моментов, на видиковецот на Водно има запален двокатен автобус на ЈСП. Скопските пожарникари работат на негово гаснење и очекувам набргу да биде изгаснат“, изјави Ангелов.
Според првичните информации, во моментов нема опасност пожарот да се прошири кон околната вегетација.
Засега нема информации за повредени лица, ниту се познати причините поради кои се запалил автобусот. Повеќе детали се очекуваат по завршувањето на интервенцијата.








