Полициски службеници од ОВР Свети Николе и ОВР Кочани на 16 септември уапсиле две лица од Кочани – А.М. (26) и Б.Д. (25) – на наплатната станица „Преод“ на автопатот Скопје–Штип.
При претрес кај нив и во возилото „сеат“ со винички таблички, биле пронајдени и одземени бела грутчеста материја, за која постои сомнеж дека е дрога, како и пари во различни апоени.
Двајцата биле изведени пред судија на претходна постапка, кој им одредил мерка притвор од 30 дена. Тие се спроведени во Затвор Куманово каде ќе ја издржуваат мерката.