Во округот Норт Кодорус, Пенсилванија, се случи вистинска трагедија кога петмина полицајци беа застрелани за време на истрага поврзана со семеен конфликт. Тројца од нив починаа од тешките повреди, а двајца се наоѓаат во болница во критична, но стабилна состојба.
Осомничениот бил убиен во престрелката, а мотивот засега не е познат.
„Ова е апсолутно разорувачки ден за Пенсилванија“, изјави гувернерот Џош Шапиро, кој веднаш пристигна на местото на настанот заедно со главниот обвинител.
ФБИ исто така се вклучи во истрагата, додека јавноста е потресена од новиот бран насилство врз полициските службеници.