Лутиот мед е новиот хит на социјалните мрежи и луѓето го додаваат на речиси сè – пица, пржено пилешко, печена пченка, зеленчук, риба, месо, па дури и десерти како сладолед од ванила или чоколадна торта.
Станува збор за мед ароматизиран со чили пиперки, со слатко-лут вкус и леплива текстура. Популарноста ја започна американскиот претприемач Мајк Курц во 2000-тите, инспириран од бразилска пица со чили мед, а денес постојат многу верзии на пазарот.
Ако сакате, можете и сами да го направите дома со само три состојки: мед, чили и малку јаболков оцет.