Кандидатот за градоначалник на Општина Чаир, Изет Меџити од ВЛЕН, денеска објави изградба на Територијална противпожарна станица во срцето на општината.
„Брзата интервенција спасува животи. Оваа станица не е луксуз, туку животна потреба и инвестиција во безбедноста на граѓаните,“ истакна Меџити.
Проектот предвидува модерен објект од 750 м², три противпожарни возила и 12 професионални пожарникари подготвени за интервенции на секој терен.
Меџити се заблагодари и на членовите на Доброволното противпожарно друштво „Бајрам Мифтари“, кои со години се важен столб на јавната безбедност во Чаир.
„Чаир заслужува модерна инфраструктура и сигурни услуги. Оваа станица значи повеќе спасени животи, помалку штети и поголема институционална одговорност,“ заклучи тој.