Во виенската населба Леополдштад се случи вистински хорор – 44-годишен Србин прво ја застрела својата сопруга, потоа ја рани тешко 24-годишната ќерка и нејзиното момче, а на крајот си пресуди себеси.
Соседот Оливер, кој се враќал од продавница, сведочел на крвавите сцени. Тој слушнал истрели и крикови за помош, па влетал во станот каде што затекнал две жени во локви крв. На каучот седело дете од 3-4 години кое веднаш го извел на безбедно. „Цела ноќ не можев да спијам, сè уште се тресам“, изјавил тој за медиумите.
Според сведоштвата, на трагедијата ѝ претходела жестока брачна расправија, а како мотив се споменува претстојниот развод. Соседите изјавиле дека ќерката на жртвата дури имала претчувство дека нешто лошо ќе се случи истиот ден.
По убиството, вооружениот маж отворил оган и кон полицијата, а потоа избегал со својот сребрен „мерцедес“. Набргу бил пронајден мртов во возилото, на само неколку метри од местото на масакрот.
Ќерката на убиената жена се наоѓа во болница во критична состојба и лекарите се борат за нејзиниот живот.