ПРВ.мк
Македонија

Доаѓа голем пресврт – по сончевите денови следуваат дождови и снег на планините

Доаѓа голем пресврт – по сончевите денови следуваат дождови и снег на планините

Метеоаналитичарот Славчо Попоски најавува дека Македонија до 25 септември ќе ужива во стабилно и ведро време со сончеви денови, но со невообичаено студени утра за овој период. Температурите наутро ќе паѓаат под 10 степени, а на планините и до околу нулата, со можност за слаб мраз и слана.

Причината е силниот антициклон кој доминира над поголемиот дел од Европа и овозможува стабилни временски услови. Дневните температури сепак ќе останат пријатни, меѓу 21 и 30 степени.

Но, по 25 септември следува голема промена – пристигнува вистинска есен со врнежи, значително пониски температури, а на планините се очекува и снег.

Escape