Премиерот Христијан Мицкоски објави дека низ целата држава се работи на повеќе стратешки инфраструктурни зафати. Во моментов активно се градат автопатот Прилеп – Битола (Коридор 10Д), автопатот Тетово – Гостивар – Букојчани (Коридор 8), проектот Штип – Брана Отиња, како и обиколницата во Штип.
„Продолжуваме да ја градиме Македонија“, порача премиерот во својата објава на Фејсбук.
Овие проекти се дел од пошироката стратегија за подобрување на инфраструктурата и поврзување на регионите во земјата.
Видео: