Во вчерашните воздушни напади во Појасот Газа животот го загубија 99 лица, од кои дури 77 во северниот дел на енклавата, потврдија медицински извори за палестинската агенција WAFA.
Според последните податоци, од почетокот на конфликтот меѓу Израел и Хамас во октомври 2023 година, во Газа загинале 65.062 лица, а над 165.000 се ранети – најголемиот дел жени и деца.
Трагичната статистика дополнително ја влошува фактот што 432 луѓе, меѓу кои 146 деца, починале од глад, соопштуваат здравствените претставници.
Ситуацијата во енклавата и понатаму е критична, со растечка хуманитарна катастрофа и без изгледи за скориот крај на судирите.