Вечерва, нешто по 21:30 часот, на улицата „Македонски просветители“ кај кружниот тек до поранешната „Охридска банка“, се случи тешка сообраќајна несреќа, јавува Охрид Прес.
Неофицијално, повреден е мотоциклист кој управувал мотор со скопски регистерски ознаки. Засега нема потврдени информации за причините што довеле до несреќата.
Екипа на СВР Охрид изврши увид на местото, а повредениот возач е пренесен во болница.
Повеќе информации се очекуваат утре.