Украинскиот претседател Володимир Зеленски објави дека Киев наскоро ќе ги добие првите пакети оружје според новата програма со САД и европските сојузници. Во нив се вклучени ракетни лансери HIMARS и системи Patriot за противвоздушна одбрана, меѓу најмоќните воени технологии на Западот.
Зеленски откри дека Украина веќе издвојила над две милијарди долари за американско вооружување преку НАТО-механизмот, а до октомври сумата ќе порасне на 3,5 милијарди долари.
Првите две испораки, секоја вредна по 500 милиони долари, ќе донесат токму системи за противвоздушна заштита, што беше потврдено и на заедничката прес-конференција со претседателката на Европскиот парламент, Роберта Мецола, во Киев.
Оваа нова воена поддршка се смета за клучна пресвртница во војната, а реакцијата од Москва веќе се опишува како „шок и загриженост“.