ПРВ.мк
Свет

Синот на Трамп ја напушти Њујорк – Барон се пресели во Вашингтон поради факултетот

Синот на Трамп ја напушти Њујорк – Барон се пресели во Вашингтон поради факултетот

Барон Трамп, најмладиот син на поранешниот американски претседател, го напушти престижниот Њујорк универзитет, каде што една година студираше на Стерн школата за бизнис, и се пресели поблиску до своето семејство – во кампусот во Вашингтон.

Иако живееше во семејниот стан на Менхетен, не беше забележан на почетокот на есенскиот семестар во Њујорк, па се потврди дека ќе продолжи со студиите во главниот град. Според Пипл, таму студира во мала и ексклузивна група со помалку од стотина врсници. Сè уште е нејасно дали е сместен во студентскиот кампус или живее во Белата куќа, која е на неколку минути оддалеченост.

Програмата во Вашингтон нуди силна поврзаност со политиката, новинарството и бизнисот преку практично искуство, а трошоците изнесуваат околу 32.800 долари по семестар, плус речиси 10.000 за сместување.

Барон го помина летото работно, насочен кон проширување на семејниот бизнис и подготовки за сопствен технолошки проект. Иако се појавија шпекулации за неговиот љубовен живот, блиски извори велат дека тој е фокусиран на кариерата, а не на романтика или забави.

Escape