ПРВ.мк
Црна Хроника

По трагедијата со Танкица од Кочани, Росица од Велес стана нова жртва на фемицид – институциите игнорирале пет пријави за закани и насилство

По трагедијата со Танкица од Кочани, Росица од Велес стана нова жртва на фемицид – институциите игнорирале пет пријави за закани и насилство

Росица од Велес, 31-годишна жена, беше свирепо избодена во семејната куќа заедно со нејзиниот татко од поранешниот партнер Илија Стефановски (37) од Скопје, кој потоа изврши самоубиство. Пред трагедијата, Росица петпати пријавувала насилникот во полиција и Обвинителство за физичко насилство, закани, вознемирување, запалување на возило и навредливи графити.

Според записите, Стефановски ѝ се заканувал со зборовите „или ќе бидеш моја или мртва“. И покрај забраната за приближување и контактирање со Росица, мерките не биле ефективно спроведени. Насилникот бил психијатриски вештачен и утврдено е дека бил пресметлив и способен да ги разбере последиците од своите постапки.

Националната мрежа против насилство врз жените и семејното насилство го оценува случајот како јасен пример за фемицид и повикува на итни оставки на одговорните службеници, дисциплински постапки и формирање независна истрага за институционалните пропусти.

Ова трагично убиство покажува дека и покрај законските измени во 2023 година кои го криминализираат фемицидот и родово базираното насилство во Северна Македонија, без ефикасно спроведување, протоколите и одговорноста на институциите, жените остануваат ранливи на смртоносно насилство.

Барањата се јасни: воспоставување обврзувачки протоколи, зголемени ресурси и санкции за службениците кои не постапуваат навремено, со цел да се спречат слични трагедии во иднина.

Escape