Драма во скопската општина Чаир изминатата ноќ – 18-годишно момче е повредено откако непознат напаѓач, кој се движел со велосипед, пукал кон него од огнено оружје.
Инцидентот се случил нешто по еден часот по полноќ на улицата „Методија Митевски“. Повредениот М. И. (18) бил итно пренесен во Ургентниот центар при клиничкиот комплекс „Мајка Тереза“ со возило управувано од В. И. (28) од Скопје.
„Полициски службеници од Полициската станица ‘Битпазар’ извршија разговор со В. И., кој изјави дека едно лице на велосипед неколкупати пукало кон тинејџерот и потоа побегнало од местото“, соопштија од МВР.
Напаѓачот сè уште е во бегство, а неговиот идентитет и мотивите за вооружениот напад се непознати. Полицијата презема мерки за целосно расчистување на случајот.