ПРВ.мк
Црна Хроника

Нови детали за љубоморниот напад – сегашното момче на Росица сведочи за ужасот

Нови детали за љубоморниот напад – сегашното момче на Росица сведочи за ужасот

Случајот што вчера го потресе Велес добива нови, морничави детали. Од СВР Велес попладнево информираа дека сегашниот партнер на убиената Росица К. (31) дал исказ за настаните што завршиле со двојно убиство и самоубиство.

Според неговото сведоштво, тие двајца заедно дошле во домот на нејзиниот татко, бидејќи тој не одговарал на телефон. Во моментот кога Росица ја отворила вратата, нејзиниот поранешен партнер Илија С. (39) од Скопје ја нападнал со нож и веднаш ја заклучил вратата.

Полициските екипи потоа го пронашле таткото на Росица, 74-годишниот Киро К., мртов на каучот со повреди од остар предмет. Самиот напаѓач, откако и нанел шест убоди на Росица – две од нив во вратот – се заклучил во друга соба и себеси си нанел шест убоди со нож во пределот на вратот. Иако и Росица и напаѓачот веднаш биле пренесени во болница, лекарите по долга реанимација констатирале смрт.

Реконструкцијата покажува дека трагедијата започнала со убиството на Киро К., а потоа продолжила со напад врз Росица. Нејзиниот сегашен партнер успеал да ја изнесе од куќата, но и покрај интервенцијата на Брза помош, таа им подлегнала на повредите.

Основното јавно обвинителство Велес открива дека Илија С. бил во судска постапка поради насилство врз Росица, но неодамна добил условна затворска казна. Иако била на сила мерка за забрана за приближување, жртвата повеќепати пријавувала дека тој не ја почитува, испраќал пораки, ја следел, па дури и го запалил автомобилот на нејзиниот татко.

Дополнително, ОЈО Велес издавал наредби за прибирање докази од телефонски комуникации и видео надзор, но процесите сè уште биле во тек.

Escape