ПРВ.мк
Свет

Туск најави воена сензација: Полска купува нови подморници и го стартува проектот „Орка“

Туск најави воена сензација: Полска купува нови подморници и го стартува проектот „Орка“

Полскиот премиер Доналд Туск денеска објави дека владата оваа недела ќе донесе конечна одлука за купување на подморници, со што веќе до крајот на годината земјата ќе ги добие своите први нови подморници.

Тој нагласи дека започнува реализацијата на програмата „Орка“, чија цел е да ја модернизира и засили полската морнарица.

„Ќе усвоиме резолуција со која ќе се обврземе на купување подморници до крајот на оваа година. Понудите се разгледани, а сега владата ќе одлучи кој ќе биде партнер во програмата“, изјави Туск пред новинарите, пренесе Ројтерс.

Со оваа програма треба да се заменат старите и застарени подморници од класата Кило, произведени од Советскиот Сојуз, кои се единствени оперативни во полската флота во моментов. Планот предвидува купување на три до четири нови подморници.

Програмата „Орка“ е дел од поширока стратегија за јакнење на одбранбените капацитети на Полска, земја која поради својата географска положба игра клучна улога во безбедносната стабилност на регионот.

Escape