Литванското министерство за одбрана започна програма за обука на деца и возрасни за управување, составување и програмирање на дронови, како дел од зајакнување на одбранбените способности на земјата. Првата од девет вакви училишта е отворена на границата со Русија, во близина на рускиот ексклав Калининград.
Заменик-министерот за одбрана, Томас Годлиаукас, истакна дека обуката има за цел градење на воени одбранбени способности поради соседството со Русија и Белорусија. Учениците и возрасните ќе се обучуваат за управување со видеодронови, квадкоптери и дронови со еднокрилен дизајн.
Во училиштето во Таураге, на 20 километри од Калининград, децата практикуваат виртуелни летови на компјутери, а наставникот Миндаугас Тамосаитис истакна дека учениците се ентузијастични и мотивирани, и покрај тоа што понекогаш дроновите симулирано „урнуваат“.
Литванија, како членка на НАТО, побара од алијансата зајакнување на воздушната одбрана по инцидентите ова лето, кога два руски дрона прелетаа од Белорусија и паднаа на нејзина територија. НАТО минатиот петок најави планови за зајакнување на одбраната на источниот дел на Европа, два дена по инцидентот во Полска со оборени дронови.