ПРВ.мк
Црна Хроника

Хорор во Тетово: маж ја претепал сопругата, па се нафрлил и на нејзиното семејство

Хорор во Тетово: маж ја претепал сопругата, па се нафрлил и на нејзиното семејство

На 15.09.2025 околу 14:10 часот на улица „Видое Смилевски Бато“ во Тетово, полициски службеници од СВР Тетово го привеле 39-годишниот В.Т. од Тетово. Приведувањето следело по пријава дека во семејниот дом физички ја нападнал својата 43-годишна сопруга.

Но, инцидентот не застанал тука – осомничениот подоцна се упатил во домот на нејзините родители каде се обидел да ги нападне нејзиниот брат и татко.

Тој е задржан во полициската станица во Тетово, а по целосното документирање на случајот против него ќе биде поднесен соодветен поднесок.

Escape