Денес македонската актерка Билјана Беличанец Алексиќ ќе го прославуваше својот 53. роденден. И по седум години од нејзината смрт, таа останува едно од најпрепознатливите имиња на македонската театарска сцена.
Родена е на 25 јули 1973 година во Скопје, а дипломирала на Факултетот за драмски уметности во 1994 година. Професионалната кариера ја започнала во Народниот театар „Војдан Чернодрински“ во Прилеп, каде настапувала во бројни претстави и остварила значајни улоги.

Неколку години подоцна станала дел од ансамблот на Драмскиот театар во Скопје, каде изгради успешна актерска кариера со бројни главни и споредни улоги. За своите изведби добила и значајни признанија, меѓу кои наградите на фестивалот „Војдан Чернодрински“ во 2009 и 2012 година. Покрај театарот, беше препознатлива и по синхронизацијата на популарни телевизиски серии.
Освен во културата, Беличанец Алексиќ остави белег и во јавниот живот. Од 2013 до 2017 година ја извршуваше функцијата градоначалничка на Општина Кисела Вода.

Нејзиниот живот трагично згасна во 2019 година, на 45-годишна возраст. И денес, колегите, пријателите и љубителите на театарот ја паметат како исклучителна актерка која остави длабока трага во македонската култура.








