ПРВ.мк
Македонија

Голема полициска акција во Арачиново: Запленета дрога, уапсен 25-годишник

Голема полициска акција во Арачиново: Запленета дрога, уапсен 25-годишник

Полициски службеници од СВР Скопје спровеле акција во Арачиново, при што е приведен 25-годишен жител на селото, откако при претрес во неговиот дом и помошни простории било пронајдено поголемо количество марихуана.

Како што информира Министерството за внатрешни работи, претресот бил извршен на 24 јули по наредба издадена од Основниот кривичен суд Скопје. Во текот на акцијата биле пронајдени повеќе од два килограми марихуана, како и дигитална вага на која имало остатоци од наркотичната дрога.

Во акцијата учествувале полициски службеници од Единицата за недозволена трговија и Единицата за интервентна полиција при СВР Скопје.

Од МВР соопштија дека по завршувањето на истрагата и целосното документирање на случајот, против приведеното лице ќе биде поднесена соодветна кривична пријава.