ПРВ.мк
Македонија

Политичка рокада во парламентот: Коалицијата предводена од ВМРО-ДПМНЕ доби нов пратеник

Политичка рокада во парламентот: Коалицијата предводена од ВМРО-ДПМНЕ доби нов пратеник

Коалицијата предводена од ВМРО-ДПМНЕ го зголеми бројот на пратеници во Собранието, откако по изборот на Зилфикар Зејнула за министер без ресор, пратеникот Бејџан Илјаз од Демократската партија на Турците се приклучи кон парламентарното мнозинство.

Илјаз досега беше дел од Европскиот фронт, предводен од ДУИ, а со оваа промена коалицијата на ВМРО-ДПМНЕ сега располага со 59 пратеници, без да се пресметуваат пратениците од владините партнери ВЛЕН и ЗНАМ.

Изборот на Зилфикар Зејнула беше спроведен како посебна собраниска постапка, а не како дел од претходната реконструкција на Владата. Причината е што неговото именување во истиот пакет ќе го надминеше уставно дозволениот број на промени на министри, што ќе ја наложеше постапката за избор на целосно нов владин состав.

Образложувајќи го предлогот пред пратениците, премиерот Христијан Мицкоски истакна дека институциите треба да ги предводат луѓе кои имаат знаење, одговорност и капацитет да одговорат на потребите и предизвиците со кои се соочуваат граѓаните.