ПРВ.мк
Македонија

СТРАШНО НЕВРЕМЕ ПОД СОЛУНСКА ГЛАВА: Гром удри во стадо од 1200 овци - еве колку усмрти!

СТРАШНО НЕВРЕМЕ ПОД СОЛУНСКА ГЛАВА: Гром удри во стадо од 1200 овци - еве колку усмрти!

Стадото броело околу 1.200 овци, но громот удрил во делот каде што имало 95 животни

Трагедија се случила на планината Јакупица, во близина на врвот Солунска Глава, откако удар од гром усмртил дури 95 овци.

Несреќата се случила на 2 септември околу 19:30 часот, за време на невремето кое во попладневните часови го зафатило Велешкиот Регион.

Според информациите од полицијата, громот удрил во стадото на околу 500 метри под врвот Солунска Глава.

Овците биле сопственост на 37-годишен сточар од селото Горно Јаболчиште во Општина Чашка.

„На 2 септември во СВР Велес е пријавено дека околу 19:30 часот на планината Јакупица, на околу 500 метри под врвот Солунска Глава, од удар на гром угинале 95 овци“, соопштија од СВР Велес.

На местото каде што удрил громот не се наоѓал овчарот, ниту пак поголемиот дел од стадото. Вкупно стадото броело околу 1.200 овци.

Сопственикот го пријавил случајот и во Агенцијата за храна и ветеринарство, по што на терен бил извршен увид.

На местото, кое се наоѓа на околу 2.500 метри надморска височина, излегле екипа на СВР Велес и инспектор од АХВ.

Невремето и ударот од гром предизвикале голема загуба за сточарот, кој во еден момент останал без 95 животни од своето стадо.