ПРВ.мк
Македонија

Еве кој го остави куферот пред ВМРО-ДПМНЕ – видео го открива моментот!

Еве кој го остави куферот пред ВМРО-ДПМНЕ – видео го открива моментот!

Во Скопје вчера настана паника откако пред седиштето на ВМРО-ДПМНЕ беше оставен сомнителен куфер. На видеонадзорот, до кој дојдоа медиумите, се забележуваат две лица кои го разгледуваат просторот, а едно од нив го остава куферот. Веднаш по добиената пријава, надлежните служби презеле мерки и активности, а сите згради во околината биле евакуирани.

Според информациите од Министерството за внатрешни работи, куферот бил празен. Лицата на снимката се идентификувани како швајцарски државјанин Рафаел С. (1987) и жена со идентитет Вивиан С.Х. (1985), кои пристигнале во Македонија на 1 октомври со лет од Цирих.

Надлежните продолжуваат со проверки и обезбедување на просторот, додека јавноста останува во зголемена внимателност поради инцидентот.

Видео:

Escape