ПРВ.мк
Македонија

Ни доаѓа најголемиот женски православен празник: Овој ден е посебно важен за оние кои сакаат потомство!

Ни доаѓа најголемиот женски православен празник: Овој ден е посебно важен за оние кои сакаат потомство!

Во вторник се слави најголемиот женски православен празник – Покров на Пресвета Богородица, ден посветен на заштита, благослов и покровителство над христијаните. Овој ден е особено важен за жените кои се надеваат на потомство, бидејќи традицијата вели дека молитвите на Пресвета Богородица можат да им помогнат да добијат деца или да имаат полесно раѓање и воспитување на своите потомци.

Празникот го одбележува настан од 14 октомври 911 година, кога свети Андреј Јуродив и неговиот ученик Епифаниј виделе видение на Пресвета Богородица со распрострен омофор над народот во Богородичната црква Влахерна во Цариград. Со овој симболичен чин, Богородица ги покрила сите верници, покажувајќи ја својата застапничка и заштитничка улога.

На овој ден, жените традиционално се причестуваат, постат и се молат на Пресвета Богородица за благосостојба, здравје и, особено, за добивање на деца. Празникот е познат и како Ден на жената, а неговата главна порака е покровителство, љубов и молитвена заштита за сите христијани.

Овој ден не е само верски чин, туку и потсетник за постојаната заштита и благослов што Пресвета Богородица го нуди на сите што Го бараат нејзиното покровителство.

Escape