ПРВ.мк
Македонија

Ладен удар од Сибир: Експертите предупредуваат – еве од кога снег?

Ладен удар од Сибир: Експертите предупредуваат – еве од кога снег?

Сите прогностички модели покажуваат дека остатокот од октомври ќе биде релативно ладен со потпросечни температури, а нов продор на студен воздух од Сибир ќе го зафати Балканот веќе во почетокот на следната седмица. Овој продор ќе донесе минусни температури и утрински мразеви, а на планинските и повисоки места не се исклучува појава на снег. Снежни врнежи можат да се појават и на пониските места, во зависност од интензитетот на студот.

Според прогнозите, ноември ќе донесе чести продори на студен воздух од Сибир и температури под просекот за овој месец. Ла Ниња е активна на Пацификот, што дополнително придонесува за невообичаено ладно време и зголемени врнежи, вклучувајќи снег уште од почетокот на месецот.

Судејќи според моменталните модели, Балканот ќе доживее поврнежлив ноември со натпросечни количества врнежи и можност за снег на повеќе пониски места.

Escape