ПРВ.мк
Свет

НЕВЕРОЈАТНИ СЦЕНИ: Милонска колона во Кина – дрон ги сними неверојатните гужви a ова е причината за метежот

НЕВЕРОЈАТНИ СЦЕНИ: Милонска колона во Кина – дрон ги сними неверојатните гужви a ова е причината за метежот

Милиони Кинези се враќаа дома по осумдневните празници по повод Националниот ден, а сцените на автопатите изгледаа како од филм. Во понеделник, 6 октомври, целата земја се соочи со колапс во сообраќајот – патиштата беа преполни, а патарините буквално „се топеа“ од бројот на возила.

Најголемата патарина во земјата, Вуџоу во покраината Анхуи, беше целосно блокирана. Снимките кои станаа вирални покажуваат како 36 ленти светија во ноќта од црвените светла на безброј автомобили што чекаа да поминат.

Според властите, само тој ден низ оваа точка поминале над 120.000 возила. Дронски снимки ја покажуваат глетката од воздух – километарски колони во повеќе редови кои се спојуваат во само четири ленти на излезот.

Неверојатните сцени уште еднаш покажаа дека кинеските празници се вистински тест за трпението на возачите – и за капацитетот на инфраструктурата на најнаселената земја во светот.

Escape

Најнови вести

Escape
Mia Home Mavrovo
Escape