Нови детали од истрагата за бруталниот напад врз германската градоначалничка Ирис Сталцер откриваат сцени од хорор: политичарката била мачена со часови во подрумот на својата куќа – од сопствената посвоена ќерка (17)!
Според извештаите на „Билд“, Сталцер била избодена со два ножа и имала дури 13 убодни рани, бројни модринки и фрактури на черепот. Девојката, наводно во напад на бес, ја поливала со дезодоранс и се обидела да ѝ ја запали косата и облеката. Причината за нападот останува непозната – единственото објаснување што го дала ќерката било „одмазда“.
Полицијата пронашла крвави траги низ куќата и облека што, според истрагата, била обид за прикривање на доказите пред да биде повикана брзата помош.
Сталцер, која чудесно преживеала, била најдена во фотелја во дневната соба, во полусвесна состојба и со опасни повреди по живот.
Интересно е што обвинителството не ја третира постапката како „обид за убиство“, бидејќи тинејџерката подоцна повикала брза помош – потег што се смета како „откажување од кривичното дело“.
Двете посвоени деца, 17-годишната ќерка и нејзиниот брат (15), сега се под грижа на социјалните служби, додека јавноста во Германија е во шок од суровоста на случајот кој личи на сценарио од трилер.