ПРВ.мк
Македонија

Русин фатен во Скопје со 20.000 евра во раце – се заканувал дека ќе убие цело семејство!

Русин фатен во Скопје со 20.000 евра во раце – се заканувал дека ќе убие цело семејство!

Руски државјанин со престој во Босна и Херцеговина е приведен во Скопје, откако со сериозни закани по животот и телото на едно лице изнудил 20.000 евра.

Според Обвинителството, осомничениот во текот на изминатата година го уценувал оштетениот, барајќи пари наводно за долг од 300.000 евра кон лице од БиХ. Во повеќе наврати му се заканувал дека доколку не ги плати парите, ќе му го загрози животот и на неговото семејство.

На средбата одржана на 9 октомври 2025 година, оштетениот му предал 20.000 евра, по што осомничениот бил веднаш уапсен од полицијата.

Поради опасност од бегство и можност да влијае врз сведоци, обвинителот побара мерка притвор, која судот треба да ја разгледа во најкус можен рок.

Escape