ПРВ.мк
Свет

Трамп пристигнува во Израел: момент што светот го чекаше

Трамп пристигнува во Израел: момент што светот го чекаше

Американскиот претседател Доналд Трамп во понеделник ќе пристигне во Израел, каде што ќе присуствува на официјалната прослава по повод ослободувањето на заложниците кои беа држени во Газа. Неговото доаѓање се смета за историски момент и дел од новата фаза на мировниот процес што го поддржува Вашингтон.

Авионoт на Трамп ќе слета на аеродромот Бен Гурион кај Ерусалим во 9 часот наутро, точно во моментот кога истекува рокот што Хамас го постави за враќање на последната група заложници. Израелската полиција веќе спроведува најстроги безбедносни мерки, а во Кнесетот – израелскиот парламент – се очекува Трамп да одржи моќен говор за мир и стабилност во регионот.

Иако засега не е потврдено, можно е американскиот претседател да го посети и Плоштадот на заложниците во Тел Авив, каде секојдневно се собираат семејствата на ослободените и исчезнатите. Тие побарале лична средба со него и предложиле токму таму да им се обрати со јавен говор.

Посетата на Трамп доаѓа во особено чувствителен момент – веднаш по стапувањето во сила на прекинот на огнот меѓу Израел и Хамас. Според израелските медиуми, оваа посета ќе биде симбол на новиот почеток во односите меѓу Вашингтон и Тел Авив, како и на првиот чекор во американскиот мировен план за Газа.

Escape