ПРВ.мк
Свет

Втор страшен земјотрес ја потресе Филипините во еден ден

Втор страшен земјотрес ја потресе Филипините во еден ден

Нов силен земјотрес со магнитуда од 6,9 степени го погоди јужниот дел на Филипините, истиот регион погоден од претходниот земјотрес со магнитуда од 7,4 степени утрово, соопштија филипинските сеизмолози.

Шефот на Филипинскиот институт за сеизмологија и вулканологија, Тересито Баколкол, изјави дека потресот се случил доцна ноќта во градот Манај, покраина Давао Ориентал, и бил предизвикан од сеизмичка активност во Филипинскиот ров, на длабочина од 10 километри.

Сеизмолозите сè уште не утврдиле дали станува збор за посебен земјотрес или втор афтершок по претходниот, при што првиот земјотрес однесе пет животи.

Escape