Директорот на Клиниката за неврологија, Игор Кузмановски, е разрешен откако на социјалните мрежи се појави видео на кое се гледа како меша бела прашкаста материја и разговара со друго лице.
Министерството за здравство соопшти дека министерот Азир Алиу донел решение за негово разрешување и дека во најкраток рок ќе биде назначен нов директор согласно законските процедури. Работата на Клиниката ќе продолжи непречено.
Кузмановски е кадар на ВМРО-ДПМНЕ и беше назначен за директор во август годинава. Од партијата ја поддржаа одлуката за негово разрешување.